Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски загуби на гостувањето кај Кил со 29-19.
Победникот на натпреварот беше решен уште во првиот дел, кога домашниот тим водеше со 16-7.
Томовски бранеше во вториот дел кој „зебрите“ го добија само со гол разлика, 13-12, и успеа да собере седум интервенции, односно 26% одбранети удари.
Во составот на Кил, по четири погодоци дадоа Винцек и Рајнкинд, додека голманот Квинштет одбрани 11 удари.
Лудвигсхафен остана на 18 место на табелата во Бундес лигата, а следниот викенд ќе игра на домашен терен против Фуксе Берлин.