Томовски и Лудвигсхафeн триумфираа над Баер Дормаген

Тимот на Лудвигсхафен, каде што настапува македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски, забележа победа на првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.

Лудвигсхафен беше подобар од второлигашот Баер Дормаген со 33-28, откако и на полувремето имаше водство од девет голови, 18-9.

Тренерот Бен Мачке беше задоволен од учинокот на неговите ракометари.

„Задоволен сум од првиот тест натпревар. Двајцата голмани, Шкоф и Томовски, имаа многу одбрани“, изјави Мачке за веб-сајтот на клубот.

Томовски забележа девет одбрани, а в четврток него и неговиот тим ги чека тест натпревар против Хутенберг.