Екипата на Лудвигсхафен каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Мартин Томовски го оствари својот втор триумф во сезоната во Бундес лигата.
Лудвигсхафен на домашен терен во 10. коло славеше сигурна победа над Минден со 30:24, а уште по првиот дел имаше добра предност од 15:10.
Гостите имаа водство само на почетокот 1:0, а во продолжението домашниот тим имаше целосна контрола на резултатот. Во 28. минута беше 12:6 што беше највисока разлика во првиот дел, додека во продолжението Лудвигсхафен имаше и осум гола позитива за рутински триумф на крајот.
Мартин Томовски имаше мала минутажа на денешниот натпревар и не успеа да забележи ниту една интервенција. Лудвигсхафен останува во долниот дел на табелата во зоната на испаѓање.