Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, загуби во 28 коло од Бундес лигата.
Серијата од две победи на Лудвгисхафен ја прекина директниот конкурент за опстанок, Нордхорн, кој славеше на гостински терен со 26-28.
Томовски бранеше во првиот дел и забележа четири интервенции, додека Шкоф беше на голот во второто полувреме.
Лудвигсхафен сега е на 17. место на табелата со 17 бода, но има уште осум кола до крајот и шанса за опстанок во Бундес лигата.