Раководството на Мелсунген пред надтпреварот против Лудвигхсафен, ги предупреди играчите и тренерот Хајко Грим, дека ако продолжат со серијата без победа во Бундес лигата, ќе следуваат откази.
Не помина долго време да си го исполнат тоа што го најавија. Мелсунген одигра едвај нерешено, 25-25 против тимот на Мартин Томовски, па по два дена, сметката ја плати тренерот Грим.
Тој повеќе не е на кормилото на Мелсунген, тим што има(ше) поголеми амбиции оваа сезона, но засега е само на една победа во три кола во ЕХФ Купот.
Победи само дома против полскиот Ополе, а на гости загуби кај Бенфика и Силкеборг, па тешко ќе може да обезбеди место во четвртфиналето. Претходно Мелсунген загуби дома од Штутгарт на Жарко Пешевски, и отказ за тренерот беше првиот потег на управата.