Репрезентативецот на Македонија и голман на Лудвигсхафен, Мартин Томовски доби големо признание во мај во Бундес лигата бидејќи после двете номинации за голман на колото тој се најде и во изборот за тим на мај.
Томовски е најдобриот голман во Бундес лигата во мај така што сега е во трка за МВП на месецот.
Мартин Томовски има клучна улога во својот тим во последниот месец и го покажа својот напредок на теренот така што придонесе за бодови на својата екипа.
Ова секако е одлична вест и за Вардар бидејќи тој после завршувањето на оваа сезона (има уште две кола) се враќа во Македонија и ќе застане на голот на „црвено-црните“.
Во друштво на Томовски во изборот за играч на мај односно во тимот на месецот се најдоа: Џери Толбринг (Рајн Некар), Михаел Дамгард (Магдебург), Јим Готфридсон (Флензбург), Омар Инги Магнусон (Магдебург), Мациј Гебала (Лајпциг) и Лукаш Кржикала (Лајпциг).
За Томовски може да се гласа на постот кој е објавен од Бундес лигата. Со кликнување на линкот погоре ќе се најдете на објавата и ќе можете да го оставите својот глас за репрезентативецот на Македонија и новиот голман на Вардар.