Тимот на Лудвигсхафен, каде што брани македонскиот репрезентативец Мартин Томовски, во натпревар од Бундес лигата беше подобар од составот на Балинген со 27:22.
Уште од самиот почеток, Лудвигсхафен беше подобар противник и успеа предноста да ја сочува до самиот крај. Домаќинот на полувреме замина со предност од два гола разлика, 14:12.
Во вториот дел, Балинген не успеа да направи пресврт, а предноста на Лудвигсхафен беше од три до четири гола разлика. Крајниот исход беше плус пет разлика за екипата во која настапува Томовски.
Македонскиот голман имаше одлична партија меѓу стативите и успеа да забележи 17 интервенции. За Лудвигсхафен ова беа важни бодови во борбата за опстанок во најквалитетната лига на светот.