Томац: Се плашам да замислам што можеше да ми се случи доколку не бев вакцинирана

Од:tv2.no

Репрезентативката на Норвешка, Марта Томац имаше големи проблеми со коронавирусот откако се зарази во тренинг кампот на репрезентацијата. Таа минува низ тежок период, но веќе успеала да го победи вирусот.

Ракометарката на Кристијансанд за tv2.no раскажа како се заразила со вирусот и какви сè проблеми и предизвикала инфекцијата.

„Чувствувам дека најлошото помина, веќе не сум болна, но не сум баш добро. Тешко е, човек треба да внимава многу на последиците. Сè уште не знам кога ќе се вратам целосно на тренинзите со тимот. Страшно е да се биде во ваква состојба и кога не знаеш што да направиш. Проблемите со дишењето продолжуваат, се чини дека имам некаква тежина на градите, како да престанувам да дишам. Понекогаш се гушам, морам да земам многу воздух. Понекогаш се е добро, а потоа одендаш се враќа. Од сите девојки кои се разболеа во репрезетнацијата јас поминав најлошо. Бев вакцинирана со што сметав дека сум безбедна, но бев шокирана кога дознав дека сум заразена. И беше полошо отколку што мислев, се вели дека вакцинираните имаат полсена форма на болест. Затоа се плашам да замислам што можеше да ми се случи доколку не бев вакцинирана“, изјави Томац за tv2.no.

Томац е 31-годишната ракометарка која има потекло од Хрватска. До 2009 година играше за репрезентацијата на Хрватска, а од 2015 година го носи дресот на Норвешка.