Покрај изборот за идеалниот тим во машката Лигата на шампиони, ЕХФ ќе одбере и идеален тим во женска конкуренција.
Македонија нема клуб две сезони во елитното натпреварување, а љубителите на ракометот поддршката ќе и ја дадат на македонската снаа во дресот на шампионот Ѓер, Едуарда Аморим Талеска.
Бразилскиот репрезентативен десен бек Жозе Толедо, кој мина една сезона во европскиот шампион Вардар исто така ја поддржа неговата сонародничка на Инстаграм.
Доколку сакате да гласате за Аморим Талеска, тоа може да го сторите на следниот ЛИНК.