Денеска во просториите на Ракометната федерација беше извршена ждрепката за редните броеви во плеј-оф и плеј-аут конкуренцијата од Суперлигата и од Првата лига.
Битката за титулата оваа сезона ќе биде многу интересна. Покрај Вардар и Еурофарм Пелистер, тука ќе биде и Металург, а во плеј-офот ќе играат и Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Охрид и Струга.
Наптреварите ќе се играат по еднокружен систем (дома-гости) или вкупно 14 кола, а би требало да започнат на крајот на февруари, а да завршат кон крајот на мај.
Нема да има бранител на титулата, со оглед на тоа што минатата сезона РФМ реши да не прогласи шампион во прекинатата сезона.
Во првото коло Еурофарм Пелистер ќе ја пречека Струга, Вардар ќе биде домаќин на вториот битолски тим, додека Металург оди на гости кај Пролет, а Бутел Скопје дома ќе го пречека Охрид.
Вардарци во последното коло гостуваат кај големиот ривал Металург во Автокоманда, додека средбите со Еурофарм Пелистер ќе бидат одиграни во 3 и 10 коло.