Тиквеш убедлив на полувреме во Скопје, но Еурофарм Пелистер 2 уште е најблизу до плеј-оф

Борбата за пласман во плеј-офот од Групата Б во Супер машката лига продолжува, а после 30 минути игра на средбите во Скопје и во Прилеп гостите се тие кои што имаат предност. Водат ГРК Тиквеш и Еурофарм Пелистер 2 што најавува интересно второ полувреме.

После првиот дел на средбата во Скопје тимот на ГРК Тиквеш има убедливи 17:11 против тимот на Работнички што му гарантираат сигурни три поени, но јасно е дека сè не зависи само од нив туку и од натпреварот во Прилеп.

Во Р. Р. Ричко во Прилеп во водство се наоѓа составот на Еурофарм Пелистер 2. После 30 минути битолчани водат со 9:7 така што ова е резултат кој им одговара во моментов на ракометарите на Еурофарм Пелистер.

До одговорот на прашањето кој ќе оди во плеј-оф остануваат уште по 30 минути и во Скопје и во Прилеп така што останува да се види кој состав ќе се радува на крајот од овие два дуели.

27-12-2020 работнички – тиквеш

Според овие резултати тимот на Еурофарм Пелистер 2 на крајот би имал 22 поени, ГРК Тиквеш 19, а Прилеп би останал на 16 бода на конечната табела.