Амбициозниот тим на Тиквеш, кој во новата сезона влегува со цел повторно да биде дел од Европа, од 1 до 8 септември ќе врши продажба на билетите за домашните натпревари.
Управата на клубот преку социјалните мрежи информираше дека блок картата за 7-те натпревари на Тиквеш на домашна сцена изнесува 500 денари.
Блок карта плус маичка од клубот изнесува 700 денари, додека фановите на Тиквеш со купување на оргинален дрес ќе имаат шанса да добијат гратис блок карта. Цената на оргиналниот дрес изнесува 2100 денари.
Тиквеш за ривали од регуларниот дел во Супер лигата ги има екипите на Алкалоид, Охрид, Струга, Еурофарм Пелистер 2, Аеродром, Скопје и Куманово.
Првопласираните четири екипи ќе продолжат во плеј-оф фазата, додека екипите кои ќе завршат од 5 до 8 место во двете групи, ќе се борат за опстанок, односно ќе играат во плеј-аут фазата.