Тиквеш стартуваше со подготовки, ќе води тешки битки за опстанок

Тренер на кавадарчани, Горан Андоновски, вчера ја изврши првата прозивка и стартуваше со новиот предизвик во кариерата.

Тој ќе го води Тиквеш најмалку во следните шест месеци и ќе се обиде да избори опстанок во тешката плеј-аут конкуренција.

На првата прозивка беа присутни македонските ракометари, додека интернационалците ќе се приклучат една седмица подоцна.

Планот е до јануари да се работи на физичката подготовка, а пријателските натпревари, пет или шест, ќе бидат одиграни во февруари.

Андоновски го замени на клупата на кавадарчани Томе Петрески, со кој беше прекината соработката.