Пред стартот на натпреварот меѓу Вардар и Тиквеш во суперлигашкиот плеј-оф од 10 коло, имаше уште еден момент за одбележување.
Раководството на Тиквеш со специјален подарок му се заблагодари за придонесот на бекот Јане Јанчев.
Јанчев, кој потекнува од Кавадарци и по камбекот во татковината трета сезона го носи дресот на Тиквеш, заминува повторно во странство.
Во Македонија освен за Тиквеш, играше и за Прилеп и Охрид, а на меѓународна сцена настапуваше во Турција, Финска, Тунис и Мароко.