Тимот на Тиквеш од Кавадарци го донесе четвртото засилување пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
Станува збор за стружанецот Славчо Шулески, кој имаше активно лето со настапите за кадетската и младинска репрезентација на ЕХФ шампионатите во Варна и Рига.
Средниот бек потпиша договор со кавадарчани и ќе им се придружи на Страхиња Симиќ и Стефан Милков на средната бековска позиција.
Шулески потекнува од Струга, а последен клуб му беше тимот на Охрид, со кој не ја продолжи соработката.
Тој ќе дебитира за новиот клуб денеска на натпреварот против Охрид што е дел од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“.