Екипата на Тиквеш продолжува со победничката серија, а новата победа дојде против составот на Струга со 28:25 така што кавадарчани веќе имаат четири победи со враќањето на Горан Андоновски на тренерската позиција.
На средбата против Струга тимот на Тиквеш беше во постојана предност. Од почетокот на натпреварот можеше да се види одлична контрола на теренот, а ритамот кој се имаше овозможуваше составот на Тиквеш да биде во константно водство. Предноста беше еден или два гола, но беше сосема доволна за да може да се контролира играта.
Тиквеш беше за нијанса подобар во првите 30 минути така што успеа да дојде до предност од 13:11, а тоа беше најава за интересен втор дел од натпреварот.
Во продолжението Струга успеа да направи пресврт. Израмни брзо на 13:13, а потоа имаше и водство од 17:15. Тука се случија клучните минути на средбата. Подобра одбрана, интервенции на голманот и 4:0 за нов пресврт. Тиквеш поведе со 19:17 и тргна кон победа на средбата. Од овој момент предноста постојано растеше. Се искачи до шест гола, 27:21 и тука веќе беше и решен победникот.
До крајот остануваа седум минути така што требаше само да се потроши времето и да се освојат нови три бода. Тиквеш знаеше да истактизира доволно добро за да може да ја добие победата на оваа средба и успеа да го направи тоа со 28:25.
Новиот триумф го внесе Тиквеш во плеј-оф групата бидејќи успеа да го помине Охрид и сега има три бода повеќе и ја чува 6. позиција на табелата со можност и за уште поголем напредок во следните неколку кола.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА