Македонскиот претставник во Европскиот Куп, тимот на Тиквеш, го одигра третиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Ракометарите на Тиквеш во спортска сала „Јасмин“ во Кавадарци беа подобри од ПАОК со 29:27 (15:15).
Избраниците на Никола Матлиески претходно ги одмерија силите со Вардар Неготини и Прилеп, на двата дуели немаа поголеми проблеми да стигнат до победа.
Тиквеш во првото коло од Супер лигата ќе игра против незгодниот Еурофарм Пелистер 2.
Освен вториот тим од Битола, ривали на кавадарчани сѐ и Охрид, Куманово, Аеродром, Скопје, Струга и Алкалоид.