Македонскиот претставник во Европскиот Куп, тимот на Тиквеш, го одигра првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона.
Амбициозните кавадарчани го совладаа исто така амбициозниот состав на Прилеп, кој влегува со реновиран состав со 27-24.
Тиквеш го чекаат две средби со грчкиот ПАОК Солун, како и дуел со Пролет, а може да биде договорен уште еден меч пред стартот на Суперлигата.
Прилепчани пак ги очекува настапот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ и силни тестови пред стартот на елитната конкуренција во Македонија.