Левиот бек Јане Јанчев, по три сезони во составот на Тиквеш, повторно се враќа на интернационална сцена.
Јанчев од наредната сезона ќе биде член на германскиот тим Зул, каде што настапува уште еден играч познат за македонската јавност – левото крило Тадеј Матијашиќ.
Кавадарчанецот Јанчев, по настапите за ВВ Тиквеш, беше дел од турската Чанкаја, играше во Чихија од Тунис, како и во Тангер, Кавкаб Маракеш и Мулудија од Мароко.
Потоа се врати во Македонија и ги бранеше боите на Прилеп и Охрид, па замина во финскиот Паргас ИФ, пред во 2019 уште еднаш да се врати во татковината.
35-годишниот бек оваа сезона беше меѓу најдобрите играчи на кавадаречкиот состав и постигна 119 погодоци на 30 натпревари.