Прволигашот Тиквеш од Кавадарци е најголем фаворит за место во Суперлигата следната сезона. Кавадарчани во преодниот рок донесоа две засилувања, Дејан Гошевски и Стефан Колоски, а најголемото ќе го имаат на клупата.
Станува збор за Томе Петрески, кој во есенската полусезона седеше на клупата на Пелистер. Тој денеска треба да го потпише договорот со кавадарчани и заедно да ја исполнат главната цел – камбек во елитното друштво.
Петрески има големо тренерско искуство, освен на клупите на Прилеп, Пелистер и ЖРК Пелистер, работеше на Косово, во Бахреин, Мароко и Кувајт.