Тимот на Тиквеш е еден од шест прволигаши што следната сезона ќе бидат дел од елитната машка конкуренција.
Кавадарчани кои без пораз обезбедија место во Суперплигата, веќе се активираа на трансфер пазарот и покажуваат дека не сакаат да играат само епизодна улога. Најпрво беше продолжен договорот со тренерот Томе Петрески, а потоа беше ангажиран и искусниот кружен напаѓач Пеце Ѓорѓиоски.
Новото засилување доаѓа од Србија, а станува збор за поранешниот кадетски и младински репрезентативец на северниот сосед – Вања Смиљаниќ (24, 190, 85).
Тој настапува на позицијата десен бек, а може да игра и како десно крило. Кариерата ја започна во Апатин, а во 2014 година потпиша за Војводина, со која имаше настапи во Лигата на шампионите, ЕХФ Купот и СЕХА лигата. Играше за Каќ и Црвенка во Србија, а беше дел и од босанските Какањ, Дервента и последно Вогошча, со која играше исто така во европските купови.