Неколку дена откако првиот тренер на Тиквеш го напушти тимот и замина на печалба во Дубаи, македонскиот суперлигаш веќе најде соодветна замена на клупата. Како што дознава 24ракомет од понеделник нов тренер на Тиквеш треба да биде поранешниот тренер во репрезентацијата на Македонија, Никола Матлиевски.
Соработката со поранешниот тренер на младинската екипа на Металург, потоа на Металург 2, и на Пролет и на Голден Арт треба да ја заврши сезоната во Кавадарци. Но, истовремено да работи на создавање на тим што в година повторно ќе се бори за пласман во плејофот и борба за место во европските купови.
Матлиевски од јуни 2021 година работеше како дел од тимот на Голден Арт. Иако играа во Прва лига, тимот директно избори место во елитата и за малку не стигна да влезе во борба за плејофот. На почетокот на пролетниот дел, во средината на февруари иако победи против Јуниор Кисела Вода, управата реши да го смени.
Претходно Матлиески беше предводник на Металург 2, а беше селектор и на кадетската репрезентација на Македонија. Беше дел од стручниот штаб на репрезентавијата на Македонија на претходните ЕП и СП на кои настапи Македонија. Со екипата на Пролет имаше добри резултати и избори пласман и во европските купови.
Во моментов Тиквеш е на четвртото место на табелата со 14 бода, два повеќе од Охрид и четири повеќе од Бутел.
Тиквеш во следното коло гостува кај Еурофарм Пелистер 2, а во последните две кола игра со Вардар и со Еурофарм Пелистер. Тиквеш очекува победа во Битола, кај вториот тим на Еурофарм Пелистер, до затоа е аутсајдер на дуелите со Вардар и со Еурофарм Пелистер.
Најголем конкурент на Тиквеш за место во европските купови е Охрид. Тие имаат барем на хартија подобар распоред до крај на првенството. Дома играат со Пролет и со Еурофарм Пелистер, а во последното коло гостуваат кај Бутел. Охриѓани очекуваат бодови на двете средби со скопските тимови.
Од сенка, теорија за освојување на четвртото место има дури и Бутел. Тие играат со Алкалоид, Пролет и со Oхрид, па во зависност од тие резултати можат да дојдат во ситуација да избијат пред Тиквеш и Охрид, иако таа варијанта е потешко остварлива.