Тиквеш направи победничко сефте – ќе биде тврд ривал (Фотогалерија)

Составот на ГРК Тиквеш се врати со три поени од гостувањето во Битола против Еурофарм Пелистер 2. Ова беше сефте за кавадарчани сезонава во натпревар во кој влегоа одлично и имаа контрола речиси 60 минути. Особено возбудливи беа последните десет минути кога составот на Еурофарм Пелистер израмни на 29:29. Гостите поведоа со 30:29, а домашните го имаа последниот напад, кој не успеаја да го искористат, па на тој начин бодовите заминаа за Кавадарци. Фото: Димитар Петковски