Кадетскиот и младински репрезентативец на Македонија, Славчо Шулески, потпиша нов договор со тимот на Тиквеш.
Средниот бек од Струга минатото лето се пресели во Кавадарци и сега се обврза на нова двегодишна верност.
Шулески претходно го носеше дресот на Охрид, а настапува за кадетската и младинска репрезентација на Македонија.
Ова лето нема да ги мине комплетните подготовки со Тиквеш бидејќи го очекува настап на Мундијалот во Хрватска.
Кавадарчни досега се засилија со Мирко Мајиќ, ги продолжија соработките и со Коцев, Темелкоски и капитенот Симиќ, а екипата ја напуштија Хамзиќ, Брауновиќ и Петровиќ.