Екипата на Тиквеш направи уште еден чекор кон најголемиот клупски успех, а тоа е излез на европска сцена откако во 5. коло од плејофот на домашен терен го победи Еурофарм Пелистер 2 со 30-26 (15-13). Сега „лозарите“ се зацврстија на четвртото место што води во европските купови, но за исполнување на целта ќе треба да играат во ист ритам и следните девет кола од првенството.
Иако во разигрувањето за титулата Тиквеше влезе без бодови, по петте одиграни кола веќе има три победи и едно реми и со 10 бода е н ачетвртото место, веднаш зад Алкалоид, а пред Бутел и Еурофарм Пелистер 2 кои имаат по четири бодови.
Заслужија домаќините да се раздуваат на триумфот, имаа водство во текот на целиот меч, иако битолчани не се откажуваа дури и кога имаа негатива од неколку голови. Последното израмнување беше на 19-19, а потоа Тиквеш ги искористи укажаните шанси и зголеми на 24-21. Од тој момент, па се до крајот Тиквеше не му дозволи на ривалот да се приближи и да се понадева на можен пресврт.
Мечот почна со доминација на Тиквеш чии ракометари водеа со 6-2, и во 10 минута тренерот Александар Зарков мораше д абара тајмаут. Но, до крајот на првото полувреме единствено пелистерци намалија на 9-8 и 10-9. Гостите од Битола имаа само 14 ракометари н арасполагање, од што двајца голмани и токму таа слаба ротација се почуствува во винванат игра.
Од 44 минута тимот остана без Ненад Белистојановски кој заработи трето исклучување и црвен картон.
Во тимот на Тиквеш со 7 гола најефикасен беше Дарко Кондев, а пет гола даде Аднад Хамзиќ. Одлично бранеше и Марјан Велков кој имаше двоцифрен број одбранети топки за домаќините. Во тимот на Еурофарм Пелистер 2, Павле Петровиќ постигна 8 гола, а Мартин Ивановски даде пет.
Во следното коло Еурофарм Пелистер 2 е домаќин на Алкалоид, додека Тиквеш гостува во Скопје кај Вардар.