Кавадаречки Тиквеш продолжува со формирањето на играчкиот ростер за новата сезона во која ќе бие суперлигашки битки.
Ново име во составот што ќе биде предводен од Ристо Магдинчев е организаторот на играта Марио Гичев.
Тој доаѓа од тимот на Јуниор Кисела Вода каде што настапуваше претходната сезона. Потекнува од штипски Текстилец, а беше дел од Вардар 2, Работнички и Пролет.
Покрај Гичев, на средната бековска позиција ќќе игра и Страхиња Симиќ, кој потпиша нов договор со кавадаречкиот тим.
Подготовките на Тиквеш стартуваат на 29 јули, а предвидени се настапи на турнирите во Струга и во Прилеп.