Тимот на Тиквеш од Кавадарци продолжува со склопувањето на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
Кавадарчани го промовираа првото засилување за следната сезона, а тоа е босанскиот лев бек Арнад Хамзиќ, кој 24Ракомет го најави уште одамна.
Хамзиќ потекнува од Коњух Живинице, беше дел од Слобда Тузла, како и од италијанските Бриксен и Конверзано.
Во Тиквеш останува и некогашниот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки, кој ќе ја одработи втората сезона во Кавадарци.
Од клубот си заминаа голманот Александар Стојаноски, десните бекови Стефан Трпчевски и Дејан Гошевски, како и левиот бек Јане Јанчев.
Тиквеш ги продолжи договорите со крилата Лазов, Темелкоски, Кондев, Коцев, пикерите Окардов и Стефановиќ, како и бековите Симиќ и Милков.