Ракометарите на ГРК Тиквеш е изборија за победа од 31:29 на натпреварот против Работнички во Скопје, но оваа победа нема да им помогне за пласманот во плеј-офот бидејќи Еурофарм Пелистер 2 славеше во Прилеп и кавадарчани завршуваат на 4. позиција.
Од почетокот на средбата ракометарите на ГРК Тиквеш тргнаа силно решени да го добијат овој натпревар во кој им беа потребни три бода за да можат да останат во трка за пласман во плеј-офот.
Таквата игра им носеше резултат односно водство кое постојано се зголемуваше. Кавадарчани имаа контрола така што без поголеми проблеми беа во водство кое им даваше надеж за успех.
Работите одеа одлично за составот на ГРК Тиквеш во овој период, а очигледно беше дека се следи и резултатот во Прилеп каде долго време беше неизвесно. На сето тоа мотивираноста на кавадарчани одеше кон тоа предноста да се зголемува, па на одмор се замина со 17:11.
Добрата игра во првиот дел како да ја снема како почна да одминува времето во второто полувреме. Во Прилеп, битолчани нагазија на максимум и брзо обезбедија висока предност, па тоа како да ја турна во колапс мотивираноста на ракометарите од Кавадарци. Го загубија чекорот и почнаа да ја губат и позитивата.
27-12-2020 работнички – тиквеш
На почетокот на последните десет минути истата падна под четири гола, а на пет минути до крајот од средбата Работнички се доближи до еден гол, 26:27.
До крајот на средбата гостите успеаја да ја одржат предноста и беа во позитива. победија со 31:29, но овие два гола на крајот не беа доволни и за плеј-оф бидејќи радоста оди за Еурофарм Пелистер 2.