Кавадаречки Тиквеш ги промовира последните засилувања пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
Како што најави 24Ракомет, нови десни бекови во ростерот на Тиквеш ќе бидат Мартин Димовски, кој се враќа во матичниот клуб и Лазар Петровиќ, кој доаѓа од Црвена Ѕвезда, а пред три сезони беше член на Охрид.
Покрај Петровиќ и Димовски, кои се новите засилувања, во составот останува и прекалениот дефанзивец Борче Соколов, а нов договор потпиша и Мики Лазов, кој беше МВП на пионерската лига минатата сезона.
Претходно кавадарчани ги потврдија крилата Кондев, Коцев, Темелкоски и Лазаров, пивотите Окардов и Стефановиќ, голманите Велков и Брауновиќ, како и бековите Милков, Симиќ, Дрогришки и Хамзиќ.
Од Кавадарци си заминаа голманите Благој Панов во Младост Богданци и Александар Стојаноски во Искра Бугојно, како бековите Јане Јанчев во Сул, Давид Иванов во Младост Богданци, Стефан Трпчевски во Бургос и Дејан Гошевски во Голден Арт.
Тиквеш ќе биде дел од групата Б во Суперлигата и ќе игра заедно со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Јуниор Кисела Вода, Голден Арт и Скопје.
Трет Србин во Тиквеш – кавадарчани во преговори со екс десен бек на Охрид