Тимот на Тиквеш од Кавадарци продолжува со склопувањето на играчкиот мозаик пред стартот на новата сезона.
Откако беа продолжени договорите со Кондев, Коцев, Симиќ и Милков, на ред дојдоа Евгениј Темелкоски и Орданчо Лазов.
Двете десни крила ќе останат најмалку уште една сезона во кавадаречкиот тим и ќе се обидат да му помогнат на тимот во остварувањето на абмициите.
Тиквеш е во групата Б од Суперлигата и ќе игра со Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Радовиш, Скопје, Јуниор Кисела Вода и Голден Арт.