Тиквеш го задржа столбот на одбраната

Македонскиот претставник во Европскиот Куп следната сезона продолжува да го склопува играчкиот мозаик.

Следен на листата што ја продолжи соработката со кавадаречкиот тим е дефанзивецот Борче Соколов.

Искусниот Соколов стана важна алка во составот на Тиквеш по враќањето од Охрид, откако претходно ги носеше дресовите на Радовиш и Зомимак Струмица.

Кавадарчани ја продолжија соработката со крилата Темелкоски и Коцев, кружните напаѓачи Атанасовски и Стефановиќ, како и бековите Симиќ и Шулески.

Од засилувањата промовирани се левото крило Мирко Мајиќ и десниот бек Ани Обина, додека официјална промоција наскоро ќе има за голманот Јанко Гемаљевиќ и левиот бек Срѓан Мијатовиќ.