Тимот на Тиквеш, кој лани стигна до петтото место во суперлигашкиот плеј-оф, активно работи на склопување на играчкиот кадар.
Како што уште одамна најави 24Ракомет, капитенот Страхиња Симиќ и во следната сезона ќе ги брани боите на Тиквеш.
Најдобриот стрелец во Суперлигата се согласи на нов договор на една сезона и останува во Кавадарци.
Покрај Симиќ, нов договор потпиша и кадетскиот репрезентативец Стефан Милков, кој се подготвува со нациоанлниот тим за настап на ЕХФ шампионатот во Летонија.
Претходно кавадарчани ја продолжија соработката и со левите крила Дарко Кондев и Димитар Коцев.
Српското дуо останува во Кавадарци – Симиќ и Стефановиќ продолжуваат со Тиквеш!
Тандемот на лево крило не се менува: Кондев и Коцев и следната сезона во Тиквеш!