Екипата на Тиквеш во новата сезона ќе има неколку нови ракометари, а меѓу нив ќе бидат и двајца пивоти од кои еден е од домашното првенство, а станува збор за Марко Трајковски.
Пивотот во минатата сезона настапуваше за тимот на Јуниор Кисела вода, а има играно и во Бутел Скопје.
Станува збор за играч чии квалитети му се добро познати на новиот тренер на Тиквеш, Ристо Магдинчев така што само ќе продолжи соработката која почна во минатите неколку месеци.
Со ангажирањето на Трајковски и на екс-младинскиот репрезентативец на Србија, Никола Стефановиќ составот од Кавадарци ќе има три пивоти за новата сезона бидејќи во клубот останува и Ристе Окардов.