Екипата на Еурофарм Пелистер имаше тешко прво полувреме на гостувањето во Швајцарија, а има голема негатива и резултат од 11:16 против Кадетен Шафхаузен така што и на овој дуел ќе биде навистина тешко да се дојде до нешто повеќе.
Играта со која битолчани тргнаа беше тешка и не даваше позитивни сигнали. За осум минути беше 0:5, а првиот гол дојде дури во 9. минута преку Обрадовиќ за намалување на 1:5.
Сепак, немаше ништо ново и продолжи тешката игра. Противникот продолжи лесно да доаѓа до погодоци, а во нападот одново грешки и промашувања. Текот беше многу сличен како оној против Ним, а Кадетен исто така лесно доаѓаше до зголемување на водството.
Како одминуваше времето така стануваше јасно дека до крајот на првото полувреме Кадетен може да го одлучи натпреварот. Во 20. минута беше 4:12 и овие осум гола веќе делуваа навистина тешко бидејќи најавуваа нов пораз за Еурофарм Пелистер во сезоната во која се очекуваше многу повеќе од покажаното во минатата сезона.
До крајот на првото полувреме негативата беше намалена на пет гола (11:16), но остана лошиот впечаток од стартот на средбата кога противникот практично и ја направи високата предност.
Во првите 30 минути за Еурофарм Пелистер по два гола постигнаа Мараш, Обрадовиќ, Периќ и Мандалиниќ, додека по еден гол имаат Маркоски, Маџовски и Граџан. Најефикасни на средбата се Мароз и Цендер со по пет погодоци.