Кирил Лазаров стигна до тешка победа пред домашните гледачи со Нант, тие беа подобри од Екс ан Прованс во 12. коло од првенството на Франција со 25:24.
Нант имаше добар почеток на натпреварот поведе со 3:1 и сè до 15. минута успешно се одршуваше во предност. Следуваше подобра игра во одбрана на Екс што им донесе пресврт и на одмор да заминат со предност до 13:10.
На почетокот на вториот дел на голот на Нант застана Димулан и придонесе неговиoт тим да дојде до победата. Во неизнесна завршница Екс имаше напад да стигне до нерешено, но голманот на Нант успеа да одбрани и да донесе нова победа за својот тим.
Кирил Лазаров немаше свој ден и успеа да постигне само два гола на натпреварот. Најефикасен во составот на Нант беше Емерик Мин со шест погодоци. Со оваа победа Нант има 18 бода исто колку и Ним и Монпелје зад водечкиот ПСЖ со 24.