Иван Чупиќ беше непогрешлив на натпреварот со Исланд и во победата со 23-22 постигна пет голови од пет обиди.
Сепак во фокусот на фоторепортерите беше неговата тетоважа на листот, на која се прикажани татко и ќерка со отчукување на срце.
Со Чупиќ, каде и да оди, се неговата сопруга Нера и четирите ќерки – Мара, Барбара, Ива и Ника, на кои екс вардарецот им ја посвети тетоважата.
Во отсуство на Дувњак, Чупиќ е капитен на Хрватска, но на крајот на ЕП, „каубоите“ можат највисоко до петтото место.
На овој континентален собир, Чупиќ постигна 28 гола од 34 обиди.