Натпреварот помеѓу Гросупље и Храстник во 7. коло од вториот натпреварувачки ранг во Словенија беше прекинат затоа што теренот беше поплавен. Причина за поплавата на теренот беше покривот кој протекуваше.
Натпреварот беше прекинат во 33. минута кога судиите и играчите забележаа вода на теренот. Количината се зголемуваше и теренот беше поплавен што предизвика прекин на мечот. Најпрво беше прекинат на 20 минути со надеж дека ќе се доигра, но сепак одложувањето беше неизбежно.
Комесарот на лигата одлучи натпреварот да се преигра од почеток на 17 јануари 2020 година во салата Бриње во Гросупље. Со оглед на тоа што натпреварот не продолжува туку се игра нов од почеток, екипите и стручните штабови на тимовите не се обврзани да бидат истите како при првиот меч.