Унгарскиот Ѓер, кој се соочи со неколку отсуства на ракометарки по Европското првенство, ќе има нова ракометарка во ростерот.
Станува збор за француската интернациналка Рафаел Тервел, специјалист за одбрана, која веќе е во тимот како асистент тренер.
Ѓер и тренерот Амброс Мартин решија да ја реактивираат и да го пополнат ростерот со Тервел, па таа би можела да го има камбекот на терените на дуелот со Рапид Букурешт.
Тервел има 43 години, а играчката кариера ја заврши во 2014 година. Играше за Безансон, шпанските Бера Бера и Ичако, Ларвик и Ѓер. Тренерската кариера ја почна во Безансон каде мина седум сезони, а од лани му е асистент на Амброш Мартин.