Македонската интернационалка – Бисера Паскал, која во вториот дел од оваа сезона го засили тимот на Салуд Тенерифе, имаше скромен учинок во натпреварот против Порињо.
Салуд Тенерифе продолжи со серијата порази во најквалитетното натпреварување во Шпанија, загуби и од Порињо, со резултат 21:27.
Голманката од Македонија немаше минутажа на овој натпревар и меѓу стативите доби шанса само за три пенали, од кои успеа да одбрани еден.
Екипата на Паскал веќе ги загуби шансите за опстанок во најдобрата лига во Шпанија и во следната сезона ќе игра во понизок ранг на натпреварување.