Градот Келце нема да обезбеди дополнителна финансиска поддршка за европскиот вицепрвак, пренесува радио „Келце”.
Како што е веќе познато, тимот на Келце не се најде на листата за добивање средства од градскиот буџет за 2023 година.
По објавувањето на листата за доделување средства на спортските клубови, претседателот на Келце, Бертус Сервас, кој пред еден месец најави повлекување од претседателската функција, испрати писмо до градската управа за финансиска помош и доби негативни вести.
Келце, сепак, ќе извиси поради буџетските ограничувања. Полскиот шампион, кој во последните две сезони два пати по ред играше финале на Ф4 турнирот во Келн, се уште се наоѓа во неизвесна позиција.
Изминатата сезона за Келце беше многу турбулентна, финансиската криза се зголемуваше, но клубот секогаш наоѓаше начин да се спаси.
Градоначалник на Келце е прославениот ракометар Богдан Вента. Тој своевремено го водеше Келце, како и двата бундеслигаши – Магдебург и Фленсбург.
Пред доаѓањето на Вента на позицијата градоначалник, Келце можеше да смета на околу 2,5 милиони злоти (околу 570 илјади долари), но откако е тој на оваа позиција сумата постепено се намалувала, а сега е падната на нула.
Полскиот шампион е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во групната фаза од Лигата на шампионите.