Екипа на Каерјенг, во која настапува поранешниот репрезентативец на Македонија, Владимир Темелков, запиша нова победа во шампионатот на Луксембург.
Каерјенг славеше во дерби дуелот против Берчем со четири гола разлика, 35:31.
Победата од четири гола беше доволна за Темелков и колегите да стигнат до нови бодови, односно до шести триумф во новата натпреварувачка сезона.
Темелков на натпреварот беше меѓу најдобрите стрелци, постигна четири погодоци.
Следен предизвик за екипата на Каерјенг ќе биде гостувањето кај Еш.