Темелков и Керјенг со важен триумф во битката за титулата

Тимот на Керјенг, каде што настапува поранешниот македонски репрезентативец Владимир Темелков, славеше на дербито на колото во Луксембург.

Керјенг победи минимално во драматичен натпревар кај Ред Бојс Диферданж со 29-28, иако на полувремето беше во негатива, 16-15.

Десното крило Темелков даде два гола во оваа победа, а вториот беше во финишот, кога Керјенг правеше пресврт.

Некогашниот бек на Охрид, Никола Грубиќ постигна четири гола за Диферданж, додека екс пикерот на Металург, Драган Вргоч кој игра заедно со Темелков, даде исто толку за победничкиот тим.

Керјенг сега има 16 бода што е доволно за второто место на табелата во плеј-офот, додека прв е Еш со 17 бода.