Некогашниот македонски репрезентативец Влатко Темелков, игра во одлична форма на стартот на новата сезона.
Иако десното крило влезе во петтата деценија од животот, на теренот е како тинејџер, па иако настапува во слабата лига на Луксембург, мора да се одбележи дека често е меѓу најдобрите или најдобар стрелец на тимот на Каерјенг.
На последниот натпревар кој Каерјенг го доби против Ред Бојс Диферданж со 34-24, Темелков погоди девет пати.
Тој има богата кариера во која ги носеше дресовите на Борец, Пелистер, како и германските тимови Балинген, Кронау Остриген, Вилштат и Филинген.