Екипата на Текстилец останува на дното на табелата без бодови во Групата Б од Првата лига после поразот од Куманово на домашен терен од 20:33 во 5. коло од првенството.
Поголемиот дел од првото полувреме се играше израмнето со наизменични погодоци на двете страни и без поголема предност на еден од тимовите. Во завршните моменти од првиот дел Куманово успеа да обезбеди предност од 12:13 на полувреме.
Решавачки дел од мечот за победникот беше почетокот на второто полувреме кога Куманово со серија од 9:1 создаде недостижна предност. До крај на натпреварот гостинскиот тим само ја зголемуваше разликата и стигна до убедлива двоцифрена победа.
Најефикасен во победничкиот тим беше пикерот на Куманово, Влатко Тасевски со осум гола, додека шест гола постигна Виктор Петковски. Во составот на Текстилец најрасположен со шест гола беше Милисав Петров.