Ракометарите на Текстилец остварија триумф во 4. коло од групата Б во машката Прва лига. Штипјани беа подобри од Партизан со 25:22.
Во натпревар со слаба ефикасност најчесто Текстилец имаше предност во првиот дел, но тоа беше минимално. Партизан не дозволуваше противникот да се одлепи сè до финишот на првите 30 минути. Во завршницата Текстилец обезбеди добра предност предн продолжението од 12:8.
Во ист ритам продолжи и вториот дел, Текстилец го диктираше темпото кое Партизан не можеше да го следи. Екипата од Штип поведе 18:12 и немаше проблеми до крајот на натпреварот да го одржи водството и да стигне до трите бода.
На крајот резултатот не беше така висок како во првото полувреме, но Текстилец успеа да ја зачува предноста за да дојде до бодовите.
Најефикасен во екипата на Текстилец беше Петров со осум гола, додека втор стрелец беше со Никола Јованов со шест гола. За тимот на Партизан по седум погодоци имаа Тодор и Димитар Узунчеви.