Амбициозниот прволигаш Текстилец го донесе второто засилување пред стартот на новата сезона.
По искусниот Марјан Сарашов, ново име во редовите на Текстилец е Дарио Јорданов, кој се враќа во матичниот клуб.
Минатата сезона левото крило го носеше дресот на суперлигашот Радовиш, а има настапувано своевремено и за Вардар 2.
Имаше и интернационална кариера во Австрија, каде настапуваше за Фиверс Маргаретен и Штокерау.