Натпреварот помеѓу осмопласираниот Борец и четвртопласираниот Борец од прволигашкиот плеј-аут донесе изедначена игра во која на крајот како победници излегоа гостите од Штип. Натпреварот се решаваше во последните минути за на крај Текстилец да слави со 30:33.
Нешто подобра игра во првото полувреме прикажаа домаќините кои во еден момент ја имаа највисоката предност од овој дел на натпреварот и тоа од четири гола разлика (13:9). Гостите сепак не дозволија Борец да се одлепи и до паузата се вратија на „минус два“, на пауза се замина со 16:14.
Почетните минути од второто полувреме донесоа подобра игра на гостите од Штип, па така во 38. минута стигнаа до второто водство на натпреварот после 1:2 на почетокот, поведоа со 18:19. Следниот период донесе изедначена игра во која ниту еден од тимовите не поведуваше со повеќе од еден гол разлика.
Таквиот развој на теренот донесе неизвесна завршница и во последните минути од натпреварот двете екипи влегоа со исти шанси за победа. На пет минути до крајот Текстилец поведе со два разлика (26:28). Претходно во 51. минута црвен картон од редовите на Текстилец заработи Димитријев Бобан. Двата гола предност во завршницата се покажаа како клучни бидејќи Борец не успеа да се врати и да изедначи, па Текстилец забележа триумф.
Најефикасен кај Борец беше Филип Сиљанов со девет постигнати гола, а Лазар Стојанов постигна пет. На спротивната страна Васе Петров постигна 12 гола, додека Милисав Петров броеше до десет.