Тимот на Вардар Неготино од септември ќе игра во суперлигашкото друштво, па веќе се прават планови за следната сезона.
Носителите на играта Драган Кузманов и Ѓорѓи Ташев ги продолжија договорите и ќе останат во тимот, иако имаа понуди и од други клубови.
Покрај нив во Вардар Неготино остануваат уште тројца ракометари од играчкиот кадар што играше во Првата лига – Александар Мицев, Перо Пеовски и Ѓорѓи Орешков.
Претходно беше решено тренерското прашање и стана јасно дека поранешниот македонски селектор Владимир Глигоров ќе го води неготинскиот тим низ Суперлигата.