Поранешната ракометака на Вардар, Татјана Хмирова, по неколку години пауза повторно ќе се врати на ракометот.
Според информациите на рускиот реномиран портал „Брз Центар“, Хмирова во новата сезона ќе ги брани боите на тимот на Јонијас, кој игра во шампионатот на јужниот сосед на Македонија.
Хмирова е поранешна руска репрезентативка, играше за Динамо Волгоград, пред во 2013 да се пресели во Вардар, каде остана пет сезони.
Потоа настапуваше за унгарскиот Шиофок две сезони, а краток период играше и во шпанскиот Тенерифе, пред да паузира поради бременост.
Русинката го носеше десет години дресот на националниот тим за кој настапи на 58 меча и даде 182 гола. Со селекцијата на Русија, Хмирова има сребро на ЕП Македонија 2008 година и злато од СП Кина 2009 година.