Дисциплинската комисија на регионалната СЕХА изрече висока казна за словачкиот шампион Татран Прешов.
За време на натпреварот меѓу Татран и Нексе во Прешов, ЛЕД дисплејот во салата не работел, па затоа Словаците ќе мора да платат казна од 10.000 евра.
СЕХА го казни и украинскиот Мотор Запорожје, поради тоа што гостите немало свое знаме на натпреварот што го играа против Вардар во Скопје.
Во споредба со казната на Татран, таа на Мотор е многу мала. Украинците ќе мора да платат 100 евра.